ИВФ

ИВФ е амбулантска дејност. Се работат кратки интервенции, воглавном безболни. Ако се очекува болка, се става анелгезија или анестезија краткотрајна интравенска. Сите тие интервенции траат 5 до 10 минути. Нема лежење и одмарање подолго од 2 часа.

ПУНКЦИЈА

Од 12-16 ти ден од менструален циклус, после одредена стимулација и раст на фоликули на јајниците од 17 до 24 мм. фоликулите, се пунктираат преку вагината под водство на ехо и игла закачена на вагиналната сонда. 

ОПЛОДУВАЊЕ

Се врши со ICSI метода, микроманипулативно внесување на спермиум во јајце клетка. Дали дошло до оплодување се проверува најрано после 8 часа. Треба да има женски и машки пронуклеус.

ИВМ

Ин витро матурација, безхормонална метода за евакуација на јајце клетки од јајници. Без претходна стимулација, се пунктираат фоликули до10 мм големина, осми или деветти ден од циклус, со игла ехогено баждарена на самиот врв. Пунктатот се поминува низ сито и се промива со медиум. Потоа се бараат јајце клетките под зоомскоп. 

PGS

Предимплантациона генетска анализа на ембриони
Кога ембрионот ке се подели на 8 бластомери, со механичка метода и примена на PZD копје и assisted hatching пипета, се евакуира една бластомера од ембрионот и истата се култивира во кивета. Вака спремната бластомера, се праќа за анализа во генетска лабораторија во Охрид. 
@2025 Ултрамедика
Иконите на страната се поставени од
Flaticon.com