
ИВМ
Ин витро матурација, безхормонална метода за евакуација на јајце клетки од јајници. Без претходна стимулација, се пунктираат фоликули до10 мм големина, осми или деветти ден од циклус, со игла ехогено баждарена на самиот врв. Пунктатот се поминува низ сито и се промива со медиум. Потоа се бараат јајце клетките под зоомскоп.